Ќе се регулира распределбата на предмети во обвинителствата
Министерството за правда најави дека ќе се носат законски измени со кои ќе се контролира како работи електронскиот систем за прераспределба на предмети во Јавните обвинителства. Ова според министерството произлегува од потребата за зајакнување на механизмите за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и со него се прецизира надлежноста на органите и телата утврдени со законот за вршење на надзорот.
„Измената која се предлага е согласно основната намера на Владата на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија и е во духот на реформите во областа правосудство и негово натамошно унапредување“, се вели во соопштението испратено до медиумите.
Од минатата година е донесен правилникот со кој се регулира електронската распределба на предметите во обвинителствата. Во него стои дека електронската распределба на предмети се врши преку информатичкиот систем како дел од единствениот информатички центар со база на податоци за правосудните органи во Република Северна Македонија.
Во членот 4 се вели дека за да функционира системот се формира постојано Работно тело за стандардизација на постапките.
„Работното тело е составено од тројца информатичари вработени во јавните обвинителства, по еден претставник од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, од секое вишо јавно обвинителство, од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од Основното јавно обвинителство Скопје и тројца претставниците од другите основни јавни обвинителства“, пишува во правилникот.
Сега министерството за правда потсетува дека согласно со Законот за судовите, тоа веќе врши редовен надзор врз функционалноста на Авторизираниот информациски систем за управување со предмети во судовите – АКМИС во судовите. По спроведените надзори во судовите, изготвува записници и ги објавува на својата веб страница и ги проследува до непосредно повисокиот суд и Судскиот совет на Република Северна Македонија.
„Комисијата изготвува полугодишни извештаи кои се објавуваат на веб страницата на Министерството за правда во кои се содржани констатираните состојби во судовите во врска со примена на одредбите од Судскиот деловник и автоматската распределба и прераспределба на предметите во судовите што се врши преку АКМИС“, наведува Министерството за правда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Не е навреда ако навредува премиерот!…
Не е навреда ако навредува премиерот, без…
Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!
По налог на Специјалното обвинителство против организиран…
Правдата за злосторството врз Вања е блиску,…
Грозоморното и свирепо убиство на 14 годишната…
Ќе се регулира распределбата на предмети во…
Министерството за правда најави дека ќе се…
Министерство за правда: Ќе се интензивира реконструкцијата…
Министерството за правда соопшти дека ќе се…