Џамбаски: Петков ќе направи компромис во спорот со Македонија и ќе се повлече
Новиот бугарски премиер Кирил Петков очигледно е испратен за да направаи компромис во спорот со Македонија и да се повлече, вели бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во разговор за македонскиот портал Локално.
– Петков се обидуваше да ги замачка очите со разни ПР средби, беа потпишани фиктивни меморандуми кои веќе се потпишани меѓу двете земји, а резултатот е никаков, дури и негативен. Наместо напредок, македонскиот претседател Стево Пендаровски го прекрши Договорот за соседство со средбата со сепаратистичкото ОМО Илинден. Ова е доволна оценка за таканаречениот „нов пристап“ на Кирил Петков – оценува Џамбаски.
Тој заклучува дека Македонија и Бугарија се братски земји со заедничка историја, култура и јазик.
– Не се бориме за да се смириме. Едноставно дојде време политичарите и јавните личности крај Вардар да ја свртат топката, да го прекинат јазикот на омразата, историските фалсификати и секогаш да ја прифаќаат подадената рака на Бугарија и бугарското општество. Ние сме еден народ во две земји и имаме заедничка иднина – вели Џамбаски во разговорот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…