Објавено на:

Џеј Ди Венс: Иран вети непречен проток на нафта низ Ормутскиот теснец

t

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека Иран го информирал Вашингтон дека не планира да воведува такса за поминување низ Ормутскиот теснец и дека ќе овозможи проток на нафта и гас од Персискиот Залив во обем кој постоел пред конфликтот, но нагласи дека САД ќе го проценуваат Техеран според постапките, а не според ветувањата.

„Нашето очекување е дека ќе видиме иста количина нафта и гас што излегува од Заливот како пред почетокот на конфликтот. Тоа е она што Иранците ни кажаа дека ќе го направат“, рече Венс во интервју за Фокс Њуз.

Тој наведе дека Иран и земјите од Заливот, особено Оман, разговараат за начини за обезбедување безбеден премин низ теснината, вклучително и отстранување на мини и обврска на Техеран дека нема да отвора оган врз комерцијални бродови. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џеј Ди Венс: Иран вети непречен проток…

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави…

Се обновува патот од Првата светска војна…

Стариот земјен пат на Пелистер, кој потекнува…

Софија влезе меѓу десетте градови со најголем…

Софија влезе меѓу десетте туристички дестинации со…

Пожар во Кисела Вода, маж пренесен во…

Синоќа во полицијата било пријавено дека на…