Џон Траволта му порача на Брус Вилис: „Те сакам!“

t

Последниот филм на кој Брус и Џон работеа заедно е „Paradise City“.

Јавноста се шокира кога семејството на Брус Вилис објави дека тој се повлекува од актерството поради дијагностицирана афазија. Како што истакнаа во соопштението, тој се соочил со одредени здравствени проблеми, кои се одразиле на неговите когнитивни способности. Изјавата е потпишана од неговата сегашна сопруга Ема, поранешната сопруга Деми Мур и сите негови деца.

Голем број познати личности и колеги на Брус се јавија да му дадат поддршка на актерот и неговото семејство, меѓу кои и Џон Траволта.

Брус и јас станавме добри пријатели на снимањето на нашите два хит-филмови Pulp Fiction и Look Who`s Talking. Години подоцна, тој ми рече: ‘Џон, сакам да знаеш дека кога ќе ти се случи нешто добро, се чувствувам како да ми се случува мене. Ете, толку дарежлива душа е тој. Те сакам, Брус“, напиша Траволта во описот на неколкуте заеднички фотографии кои ги сподели на својот инстаграм-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Се урна патнички авион во Казахстан

Патнички авион на Азербејџан ерлајнс се урна…

Денеска се празнува Свети Спиридон Чудотворец

Место на раѓањето и на службата на…

Метео: Облачно и студено време со засилен…

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Хезболах не знаел дека купува пејџери од…

Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…

74-годишна жена од Охрид заврши во болница…

Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…