Џорџ Буш: Зеленски е Черчил на нашето време
Поранешниот американски претседател Џорџ Буш го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „Черчил на нашето време“.
На својот инстаграм-профил, по разговорот со Зеленски преку видеоврска, Буш изјави дека му се заблагодарува на украинскиот претседател за неговото лидерство, неговиот пример и посветеноста на слободата и ја поздравува храброста на украинскиот народ.
„Почестен сум што поминав неколку минути разговарајќи со претседателот Зеленски – Винстон Черчил на нашето време.
Претседателот Зеленски ме увери дека нема да се откаже од борбата против варварството и насилството на Путин“, напиша Буш.
Тој додаде и дека Американците се инспирирани од силата и издржливоста на Украинците и дека ќе продолжат да ги поддржуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ: 8 години…
Скопје денеска одбележува осум години од невремето…
Биткоинот со најголем пад за еден ден…
Пазарите на криптовалути се „олеснија“ за 270…
Светските берзи силно паднаа, тоне ли САД…
Берзите низ Европа и Азија остро паднаа,…
Почина новинарот Саше Димовски
По долги и тешки здравствени компликации, почина…
Амбасадата на САД со порака до Приштина:…
Некоординираните акции на косовската влада ги ставаат…