АА за “Рамковниот”: Целта не е постигната, нема соодветна и правична застапеност ниту еднаквост меѓу народите
Охридскиот договор е документот што направи промена во земјата и имаше за цел да ја промовира еднаквоста меѓу народите и развојот на земјата и нејзините граѓани. За овој документ многу млади мажи и жени ги жртвуваа своите животи, многу населени места беа тешко оштетени и се уште ги чувствуваат последиците, соопштуваат од Алијансата за Албанците.
„Денес, 21 години од потпишувањето на овој договор, целта се уште не е постигната во ниту еден од столбовите на овој документ, додека во некои од нив имаме и уназадување. Правична и соодветна застапеност не само што не е постигната, туку е пренасочена и заменета со партиско претставување на високи и клучни функции за системот. Денес не само што не постои еднаквост меѓу народите, туку нема и индивидуална правда за граѓаните. Во економската сфера не само што е зголемена сиромаштијата, туку се продлабочи и дискриминацијата во распределбата на буџетот по етничка основа. Албанците денес имаат финансиски проблеми, додека само тие од власта станаа милионери. Неспроведувањето на Охридскиот договор и неговиот дух доведе до зголемување на криминалот и корупцијата, главно на штета на албанскиот граѓанин.
За појасно да се разбере неуспехот на владите од овие две децении, раководени од ДУИ, доволно е да се потсетиме дека дете родено во 2001 година, денес на 21 година возраст го прекинува учењето и ја напушта државата, тргнувајќи по патот во печалба. Многу негови врсници се деца на загинати борци кои се жртвуваа за овој договор, а многу жени коишто оттогаш останаа без сопружници денес ги испратија и своите синови.
21 години по потпишувањето на Охридскиот договор, владејачката партија ДУИ се фали со миграцијата на младите и малкуте инвестиции на приватните бизнисмени, обидувајќи се да им го украдат трудот и нивното пожртвување“, велат од Алијанса за Албанците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што не го раскине договорот? Мицкоски кон…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно говореше за…
Косово го ратификуваше договорот со Македонија за…
Собранието на Косово го ратификуваше договорот потпишан…
Османи: Постигнат договор за дел од американскиот…
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, порача дека…
Кузеска: Мицкоски и Таравари да не кријат…
Стево Пендаровски ќе биде кандидат за претседтел…
Анкара и Приштина потпишаа договор за воена…
Министерот за одбрана на привремените институции на…