АА обвинува: Супервештачењето за Ласкарци “запна” кај директор од ДУИ во Гостивар!

t

Трагедијата во Ласкарци којашто ги одзеде животите на 16 лица, а над 30 беа повредени, од кои огромно мнозинство од Гостивар, не добива судски епилог и вистината за овој случај се крие од членовите на семејството, реагираат од Алијанса за Албанците, откако темата се актуелизираше во јавноста поради времетраењето ан супервештачењето од речиси една година.

Партијата додадава дека и покрај обидите да се пролонгира правдата, дел од вистината сама излегува на виделина, додека кругот на тие коишто можеби се одговорни се повеќе се проширува.

-Деновиве дознаваме една голема и многу горчлива вистина за жителите на Гостивар. Според истражувањето на организацијата „Коалиција за правично судење”, произлегува дека овој случај и вистината со години ги влече владејачката албанска партија ДУИ преку еден нејзин функционер кој доаѓа од градот Гостивар. По првото вештачење што беше направено за овој предмет, Судот наместо да излезе со правосилна пресуда, на 11 ноември 2021 година даде наредба за супер вештачење. Истото било побарано и од машинско-техничките факултети во земјава и сите, изненадувачки, одбиле, понекогаш велејќи дека немаат стручњаци, а понекогаш дека немаат што да понудат повеќе од првото вештачење. На крајот предметот завршува во Бирото за правни вештачења и таму се држи веќе 315 дена, нагласуваат од АА.

Според партијата иронија на судбината е што директорот на Бирото за правни вештачења е Валдет Џафери, претседател на огранокот на ДУИ во Гостивар.

-По толку долго одложување, таквите кадри ќе требаше да бидат казнети и суспендирани од функцијата, но во овој случај Валдет Џафери беше награден со уште едно место, тоа на претседател на огранокот на ДУИ. Се прашуваме, на кого толку добро му послужи одолговлекувањето на вештачењето за да оваа личност заслужи вакво унапредување и награди!? Кој стои зад оваа трагедија што не дозволува казнување на вистинските виновници и се плаши тие да не издадат други имиња?, реагира ат од Алијанса за Албанците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…

Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…

ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…

По сериозните закани и насилни пораки упатени…

Гаши најостро ги осудува заканите кон пратениците…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, извести дека…