Авионот на Блинкен приземјен поради дефект, тој продолжил кон Брисел со автомобил
Авионот со кој леташе американскиот државен секретар Ентони Блинкен морал принудно да слета во Париз поради механички дефект, па тој и американската делегација што ја предводи го продолжиле патувањето со автомобил во Брисел на состанокот на НАТО.
„Блинкен замина на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО алијансата, кој почнува денеска, објави портпаролот на Стејт департментот,“ пренесува „Ројтерс“.
Блинкен имал проблем и со авионот со кој во јануари пристигнал на овогодишниот Светски економски форум во Давос, поради што морал да остане во Швајцарија подолго од планираното.
По повод 75-годишнината од основањето на НАТО, денеска во Брисел почнува дводневна средба на министрите за надворешни работи на нејзините членки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Во живо) Филипче: Ќе иницирам средба на…
Работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се…
Комеморација во Брисел за жртвите од пожарот…
Вечерва во Брисел се одржа комеморација за…
(Видео) Со молотови коктели и огномети ја…
Полицијата во Белгија се соочи со многу…
3.000 луѓе остануваат без работа: По 75…
Според компанијата, последните преговори завршија без договор.…
Дипломати од Брисел: На 15 октомври Албанија…
Постојаните претставници на ЕУ на денешната средба…