Авион на линијата Приштина – Истанбул излетал од пистата по слетување, нема повредени

t

Авион на линијата Приштина – Истанбул, по слетувањето на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Турција, излезе од такси-патеката и застана на крајот од пистата. Во овој инцидент, според соопштението на Амбасадата на Косово во Турција, нема повредени патници.

„Амбасадата на Република Косово во Турција информира дека денеска, на аеродромот ‘Сабиха Ѓокчен’, авион опериран од компанијата AJet, од типот Boeing 737-800, кој го реализираше летот Приштина–Истанбул со број TKJ76Q / VF102, по слетувањето излезе од такси-патеката и застана на крајот од пистата. Според официјалните информации, сите патници се евакуирани безбедно преку надворешните скали, без потреба од употреба на итните лизгалки. Нема извештаи за повредени лица, а патниците уредно го напуштиле аеродромот и се упатиле кон своите дестинации“, се наведува во соопштението.

Во својата изјава, компанијата AJet потврди дека авионот извршил регуларно слетување, но при движењето по такси-патеката излегол на помека земјена површина, како последица на обилните дождови.

Инцидентот не доведе до нарушување на сообраќајот на аеродромот и не предизвика дополнителни проблеми за патниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Авион на линијата Приштина – Истанбул излетал…

Авион на линијата Приштина – Истанбул, по…

Маск ја спореди ЕУ со нацистите, X…

Два дена откако ЕУ изрече голема финансиска…

Земјотрес од 6 степени ја погоди Камчатка

Полуостровот Камчатка на далечниот руски Далечен Исток…

Бројот е мој, таткото е мој, зетот…

Реакциите на Томовски за скандалот со семејната…

Гаши: Делото на Св. Климент Охридски претставува…

Во името на Собранието на Република Северна…