Авион на WizzAir удрил во јато птици при полетување од Скопје

t

Авион на нискобуџетната авиокомпанија „Wizz Air“, кој вчера полетал од скопскиот аеродром кон Базел, бил принуден итно да се врати и слета на Меѓународниот аеродром Скопје, откако удрил во јато птици веднаш по полетувањето. Според информациите до кои дојде 24 Инфо, ударот предизвикал оштетување на еден од моторите на авионот.

Станува збор за летот WZZ1KX на релација Скопје – Базел, кој по кратко време во воздух се вратил назад, а слетувањето поминало без последици по патниците и екипажот.

За коментар во врска со инцидентот се обративме до директорот на М-НАВ, Владимир Ристески, тој во телефонски разговор истакна дека вакви ситуации се случуваат и иако за конкретниот лет нема повеќе детали, сепак додаде дека ќе се поведе истрага која ќе треба да утврди евентуални штети и од што тие настанале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Авион на WizzAir удрил во јато птици…

Авион на нискобуџетната авиокомпанија „Wizz Air“, кој…

Meџити: Поразот на локални избори не значи…

Првиот вицепремиер Изет Меџити е убеден дека…

Трамп и Путин би можеле да се…

Доналд Трамп би можел да се сретне…

Раде Штекли имал халуцинации, му се причинило…

На денешното рочиште за случајот „Штекли“, поврзан…

Стапија на сила новите царини на Доналд…

Стапија во сила новите царини на Доналд…