АВМУ им дава 5 милиони денари на ИРЛ, сакале да создадат „информиран електорат“

t

Во рамки на своите заложби обезбедивме донација од 5 милиони денари за активности и содржини на Истражувачката репортерска лабораторија, непрофитна медиумска организација чие што известување е фокусирано на корупција, криминал и добро владеење, соопштија од АВМУ.

„Овие активности се вклопуваат со целите и вредностите на АВМУ да ги штити интересите на граѓаните, да обезбеди квалитетни информации и плурализам во известувањето и да поддржи постоење на разновидни, независни и самостојни аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

ИРЛ во наредниот период, во рамки на оваа донација, ќе го примени иновативниот модел на мултимедијално раскажување, за да известува за теми кои се важни за граѓаните и ќе им помогнат да носат информирани одлуки – политичка пропаганда за време на избори и владеење на право.

Известувањето на ИРЛ во предизборниот период ќе се фокусира на проверка на фактите кои политичките кандидати ги изнесуваат за време на јавни настапи, гостувања во дебатни емисии, јавни дискусии и дебати, истражувања на јавно мислење, пр-објави или ветувања кои се повторуваат во речиси сите предизборни програми.

Известувањето за проблемите во правосудството ќе биде фокусирано на потенцијалните конфликти на интерес кои потекнуваат од личните конекции на судиите и обвинителите, а граѓаните ќе ги добијат вистинските информации за оние кои истражуваат, гонат и пресудуваат во нивно име.
Поддршка за тренинг на млади новинарски и продукциски кадри со цел подобрување на пазарот на труд во медиумската индустрија
Продуктите произведени во рамки на оваа донација ќе бидат додадена вредност на активностите на организацијата кои што ги поддржуваат владите на САД и Кралството Холандија и Јавниот сервис, активностни на коишто се приклучува и АВМУ“, велат, меѓу другото, оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…