АВМУ: Медиумите не треба да објавуваат фотографии и видеа со гробни места и блиски членови на семејствата

t

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги уште еднаш ги
повикува медиумите да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди при информирањето за погребите на жртвите во трагичниот пожар во Кочани.

При пренесувањето на информациите, вклучително и преку социјалните мрежи, задолжително треба да се почитува личната болка и жалост на семејствата, роднините и најблиските на загинатите и да им се дозволи достоинствено да се збогуваат со саканите. Медиумите не треба да објавуваат фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и треба да ги почитуваат приватните моменти за дополнително да не ја зголемуваат болката на ужалените, велат од АВМУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АВМУ: Медиумите не треба да објавуваат фотографии…

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги…

ААВМУ покрена постапка за одземање на дозволата…

Агенцијата за Аудио и аудиовизуелни медиумски услуги…

АВМУ го повикува МВР во најскоро време…

Во врска со случајот поврзан со новинарот…

Без јавен повик, АВМУ донирал 80.000 евра…

Непрофитната медиумска организација Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ)…

АВМУ им дава 5 милиони денари на…

Во рамки на своите заложби обезбедивме донација…