Австрискиот амбасадор во Македонија ги прекори Владата и пратениците: Го кршите Уставот!

t

Австрискиот амбасадор во Македонија со писмо до Владата и до пратениците изразува сериозна загриженост за обидот на брза трака да се помине новиот закон за игри на среќа. Амбасадорот укажува дека овој закон воопшто не минува низ процесот на хармонизрање со законите на еу и оттаму нема никаква потреба да биде со европско знаменце.

Актуелните одредби ги нарушуваат темелните вредности на уставниот поредок во член 8 од уставот на Република Македонија, т.е. Владеење на правото, слобода на пазарот и претприемништво, почитување на општоприфатените норми на меѓународното право, како и членовите 51 (уставност на законите), 52 (нема ретроактивно дејство) и 59 (нема намалување на правата добиени од странски капитал. Инвестиција), вели австрискиот амбасадор во земјава Џорџ Вутсас.

Тој бара од пратениците доколку на дневен ред на комисијата биде ставен предлог-законот истиот да не го разгледува поради ненадлежност и да не даде согласност за предлог законот поради неуставност.

Владеењето на правото ги опфаќа сите институции и процеси, со посебна одговорност на законодавниот дом се вели во писмото од австрискиот амбасадор.

Од Владата и од пратеничките групи потврдија дека писмото е примено и дека сериозно ќе се земат предвид забелешките на Австрија.

Извор: ТВ 24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…