Австрискиот амбасадор ЛОБИРАЛ забраната за обложувалниците и казината да не важи за австриските компании?!

t

Амбасадорот на Австрија во Македонија, Георг Вуцас лобирал да не се воведува забранaта за обложувалници и казина во близина на училиштата, јавуваат австриските медиуми. Како што пренесува српски „Телеграф“, Вуцас интервенирал против ограничувањата за обложувањето.

Во испратеното писмото до премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорот наводно апелирал забраните да не важат за компаниите со австриски капитал.

„Овие компании ме уверуваат дека ќе ги исполнат највисоките стандарди кога станува збор за заштита на играчите, исто како што тоа се прави во Австрија и ЕУ“, се вели во писмото што тој го испратил до премиерот и некои пратеници во февруари.

Во писмото тој ги повикал македонските власти ваквите ограничувања да не важат за странските компании.

„Би бил благодарен доколку владата ги повлече предложените измени или ги изземе компаниите со странски капитал“, се додава во писмото на Вуцас, објави австриски „Орф“.

Министерството за надворешни работи на Австрија се оградило од писмото на амбасадорот. Наведуваат дека самоиницијативно лобирал, а во Виена „ништо такво не било договорено“. Оттаму велат дека силно се залагаат за подобра заштита на играчите.

Вуцас наводно, веќе бил предупреден дека во иднина „веќе нема да има допирни точки со Северна Македонија или економска дипломатија“. Неговиот „трансфер“ во Виена наводно сега е неизбежен.

Портпаролот на казиното со австриски капитал изјавил за австриските медиуми дека е легитимно „да се користи дипломатската служба за застапување на легитимните деловни интереси на австриските компании во странство“.

Се наведува дека е воспоставен контакт со Вуцас бидејќи предложениот закон „ќе го загрози целиот бизнис модел“.

Владата предлага спортските обложувалници и автомат-клубовите да не смеат да бидат поблиску од 500 метри до училиштата. Сличен предлог имаше ДУИ во 2018, но не помина. Во Асоцијацијата на спортски обложувалници реагираа дека ваков закон само ќе им го уништи бизнисот, илјадници луѓе ќе останат без работа, владата ќе остане без милионски приходи, а ќе се појават диви обложувалници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јордан го повлече својот амбасадор од Израел

Јордан го повлече својот амбасадор од Израел…

Австрискиот амбасадор ЛОБИРАЛ забраната за обложувалниците и…

Амбасадорот на Австрија во Македонија, Георг Вуцас…

Владата пресече: Се забрануваат казина и игри…

Владата, на денешната седница, го утврди и…

Украински амбасадор се извини за изјавата дека…

Украинскиот амбасадор во Казахстан и се извини…

Американскиот амбасадор ги искара бугарските политичари: Ја…

Политичарите во Бугарија ја користат руската пропаганда…