Австрискиот амбасадор: Не можете да ги одлагате уставните измени како оправдување за другите реформи

t

Австрија и групата пријатели на Западен Балкан сака да види неколку нивоа во пристапувањето. Не би сакале заради евроинтеграцијата на Грузија, Молдавија и Украина, земјите на Западен Балкан да останат позади, да заостанат. Сметаме дека земјите од Западен Балкан се еднакво подготвени, ако не и подобро подготвени, вели амбасадорот на Австрија во нашата земја Мартин Памер.

Според Памер, неопходно е да се одреди датум за да се добие одредена перспектива затоа што процесот веќе предолго трае и од стратешка гледна точка потребно е да се забрза.

– Нема смисла да се чека на секој параграф, аспект или било која друга обврска да биде исполнета за да кажеме сега можете да станете членка на ЕУ. Многу подобро е да ги вклучиме нашите партнери таму каде што веќе ефикасно придонесуваат, учествуваат и на тој начин да ги уживаат погодностите на ЕУ. Значи станува збор за постепена интеграција. Можеби 2030 година за некои земји е прерано, а за некои може да е и предоцна. Но, важно е да имаме предвид каде одиме, да продолжиме и да забрзаме, појаснува Памер, во интервју за Рацин.мк.

Памер посочува дека целта на австрискиот документ е да се забрза  процесот за пристапување на Западен Балкан во ЕУ, како и да ги разбуди европските функционери, европската јавност и да го сврти вниманието кон Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…

Со новите измени на кривичниот законик ќе…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…