Објавено на:

Австрискиот канцелар: Путин има своја воена логика, нема доволно инфомрации и верува дека Русија победува во војната

t

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска изјави дека не може целосно да го објасни начинот на размислување на Владимир Путин, но дека рускиот претседател има „своја воена логика“.

Тој за Ен Би Си изјави дека Путин пренесе „јасна порака“ за неговата загриженост во неодамнешниот разговор во Москва и дека се однесувал како да е добро информиран за тоа што се случува на теренот.

– Мислам дека сега е во сопствената воена логика. Тој смета дека војната е неопходна за Русија да добие безбедносни гаранции. Тој нема доверба во меѓународната заедница. Тој ги обвинува Украинците за геноцидот во Донбас. Така што мислам дека е во својот свет, но знае што се случува во Украина – изјави австрискиот канцелар.

Нехамер рече и дека Путин верува дека Русија победува во војната. Тој повтори дека неговиот неодамнешен разговор во Москва со Путин не бил „пријателски разговор“ и дека на рускиот лидер му кажал за воените злосторства во Буча. Нехамер рече и дека Путин на крајот од разговорот му се обратил на германски, велејќи му дека „подобро е да се заврши војната порано отколку подоцна“.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…