Австрискиот претседател: На прав пат сте, убедени сме дека ќе го смените Уставот

t

Македонија направи тежок, но вистински избор. Вашата иднина е во ЕУ и вие сте на правиот пат, вели австрискиот претседател Александар Ван дер Белен кој е во дводневна посета на земјава.

Ван дер Белен на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски, порача дека Австрија целосно ќе ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ.

-Во рамките на скрининг процесот, добивме многу позитивни повратни информации за вашиот учинок и сакаме Македонија да ја охрабриме да биде и понатаму концентрирана и посветена. Убедени сме дека ќе успеете да ја направите промената на Уставот и после тоа по план да тече процесот за прием во ЕУ, потенцира Ван дер Белен. Треба да се гледа напред и во правец на заедничка европска иднина. Знаеме дека ова е тежок пат за вас, дека фрустрацијата околу времетраењето на процесот е разбирлива, но ве молиме не ја губете целта од вид, додаде австрискиот претседател, посочи австрискиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Австрија завеана во снег 

Наместо пролетни температури, во некои делови на…

Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…

Еден од повредените во страшниот пожар што…

Млади возачи од Македонија рушат рекорди во…

За време на голема полициска акција на…

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…