Австриски политичар: Русите навикнаа да живеат во сиромаштија, санкциите се на штета на оние што ги воведоа
Лидерот на Слободарската партија на Австрија (ФПО) Херберт Кикл смета дека санкциите на ЕУ се поштетни за оние кои ги вовеле отколку за Русија.
Кикл во интервју за телевизијата „Пулс4“ нагласи дека е неопходно да се преговара со Русија.
„ Потребна ни е плодна иднина заедно со Русија“, објасни тој и додаде дека мирот не може да се постигне со санкции и испорака на оружје.
„ Русите се навикнати да живеат во сиромаштија. Таква ситуација не знаеме од Втората светска војна и обновата на земјата“, објасни тој. Кикл посочи дека стратегијата на санкциите на ЕУ предизвикува само огромна штета на европското население.
„ Што се однесува до Украина, ЕУ и владата на Австрија се исто толку тврдоглави како и во однос на коронавирусот“, нагласи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…
Како МВР е надлежно да поднесува кривична…
Три градови во БиХ урнаа рекорди –…
Босна и Херцеговина денес беше погодена од…
Рама: Планот за азил во трети земји…
Албанскиот премиер Еди Рама ја критикува политиката…
Претепан и ограбен малолетник во Струга
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39),…
Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…
Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…