Австрија воведе зaдолжителна вакцинација против ковид
Покраинскиот дом на австрискиот парламент вечерва по неколкучасовна седница го усвои Законот за задолжителна вакцинација, за чие стапување во сила сега е потребен само потпис на претседателот Александар ван дер Белен.
Со гласовите на 80 отсто од пратениците, покраинскиот дом го усвои законот со кој во Австрија ќе се воведе задолжителна вакцинација против корона вирусот.
Интересно е што двајца пратеници на Социјалдемократската партија на Австрија (СПО), Давид Егер од Салцбург и Хорст Шахнер од Штаерска, гласаа против партиската линијa, заедно со сите десет пратеници на Партијата на слободата (ФПО) против законот.
Седницата беше полна со енергични обвинувања, вклучително и онаа упатена од ФПО дека Австрија е управувана од вакцински фашисти.
Иако законот отстрани уште една важна пречка за стапување во сила, тој содржи голем број нејаснотии.
Имено, законот предвидува од средината на март да почнат контролите и казнувањето на невакцинираните лица , како и казни до 600 евра, јавува Танјуг.
Контролите ќе ги врши полицијата при сите нивни вообичаени контроли, вклучително и сообраќајните.
Но, статусот на граѓаните кои биле вакцинирани во странство со вакцини кои не се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) остана отворен.
Не станува збор само за припадниците на српската дијаспора , кои имаа можност да се вакцинираат во татковината со кинески и руски вакцини, туку и за десетици негувателки од Источна Европа кои работат во Австрија.
Според новата нацрт-регулатива, која стапува на сила на законот, вакцините добиени во странство би можеле да се признаат, дури и оние кои не се одобрени во ЕУ, како што е рускиот Спутник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расте бројот на заболени од Ковид во…
Од 29 јули до 4 август во…
Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…
Светската здравствена организација објави дека повеќе од…
Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…
Бајден позитивен на Ковид
Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…
Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…
Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…