Австрија затвори девет училишта – 2.600 паралелки во кaрантин

t

Во моментов 2.600 паралелки во Австрија се испратени во карантин поради короната, а девет училишта се затворени, соопшти денеска Министерството за образование.

Во Австрија има околу 6.000 училишта и околу 58.000 паралелки, така што 95 отсто од часовите се уште се одржуваат нормално.

Сепак, бројот на часови кои се префрлаат на онлајн часови рапидно расте поради појавата на корона кај учениците.

Така, во вторникот беше објавено дека 1.900 паралелки се испратени во карантин, а по два дена тој број се зголеми на 2.600.

Според правилото кое во моментов се применува при откривање инфекција кај еден ученик, наставата продолжува нормално, но учениците мора да се тестираат секојдневно во наредните пет дена.

Доколку во рок од три дена се откријат инфекции кај друг ученик, одделението се испраќа во карантин, односно на онлајн часови.

Инаку, учениците се тестираат три пати неделно во училиштата, од кои еден мора да биде ПЦР тест.

Кога станува збор за градинките во Виена, 11% од детските групи моментално се во карантин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден тинејџер е уапсен во Виена:…

Уште еден млад човек (18) е уапсен…

Расте бројот на заболени од Ковид во…

Од 29 јули до 4 август во…

МВР по барање на Австрија го проверува…

Македонската полиција информира дека постапува по барање…

19-годишниот Мухамед по потекло од Македонија пред…

Австриската полиција објави дека еден од уапсените…

Спречена е трагедија, заканата за концертите на…

Заканата од терористички напади на концертите на…