Австрија испраќа војска во БиХ

t

Австриската војска ќе испрати дополнителни 120 војници во мисијата на ЕУФОР во Босна и Херцеговина, како засилување поради судирот во Украина.

Според извори од армијата на кои се повикуваат австриски медиуми, одлуката е донесена поради стравување дека моменталната ситуација во Украина би можела да има последици и врз регионот на Западен Балкан и зачувувањето на безбедноста и стабилноста.

Командантот на мировната операција на ЕУ во БиХ, генерал Брис Худe, побара активирање на резервните сили, со што се активирани војниците од резервата на Австрија, Бугарија, Романија и Словачка.

Во моментов сме соочени со критичен развој во Украина. Наместо, како што би сакале, решавање на проблемите по дипломатски и мирен пат, избрано е оружјето и агресија. Војната како средство за спроведување на власта не е решение – порача австриската министерка за одбрана Клаудија Танер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млади возачи од Македонија рушат рекорди во…

За време на голема полициска акција на…

Сириски државјанин со нож убил 14-годишно момче…

Сириски државјанин денеска со нож избоде едно…

Чешки судии делегирани за дуелот на Македонија…

Репрезентацијата на Македонија е подготвена за стартот на главната…

Македонските ракометари денес на мегдан со Австрија

Македонија денеска во 18 часот игра против…

Австриските железници бараат илјадници работници

Австриските железници бараат илјадници нови работници. Компанијата…