Австрија не планира да влезе во НАТО
По објавените кандидатури на Шведска и Финска за влез во НАТО, министерот за надворешни работи на Австрија Александар Шаленберг денеска рече дека Австрија не планира да се приклучи на воената алијанса.
– Имаме сосема поинаква географска ситуација, изјави Шаленберг на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
– Имаме многу поинаква историја и верувам дека тоа едноставно мора да се земе предвид, додаде тој.
Сепак, тоа не значи дека Австрија е политички неутрална.
– Нема неутралност во војна за агресија, рече тој, мислејќи на руската инвазија врз Украина. „Зазедовме многу јасен став, ги поддржуваме сите санкции и правиме што можеме од наша страна во однос на поддршката, додаде шефот на австриската дипломатија.
На прашањето дали безбедноста на Австрија може да се гарантира и покрај тоа што останува надвор од НАТО, Шаленберг рече дека Австрија има намера да ги зголеми инвестициите во својата безбедност.
– Беше важно да се сфати дека светот не е толку пријателски како што би сакале да биде, рече тој, додавајќи дека има држави кои биле подготвени да употребат воена сила за да ги задоволат своите интереси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Бројот на жртви во нападот во Грац…
Универзитетската болница во Грац потврди дека едно…
Бугарскиот МНР: Австрија нема да го смени…
Бугарскиот министер за надворешни работи лично разговараше…