Автобусите ќе возат по неделен возен ред, еве како ќе работи Жичарницата за време на велигденските празници

t

Ве информираме дека во пресрет на претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз утре, петок (14.04.2023 год) ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Во сабота (15.04.2023 год), недела (16.04.2023 год) и понеделник (17.04.2023 год) автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.

РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИ

Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат единствено во сабота (15.04.2023 год), а другите денови (петок, недела и понеделник) ќе бидат неработни за сите продажни места.

РАБОТНО ВРЕМЕ ЖИЧАРНИЦА

Жичарницата претстојниве празнични денови (од утре до понеделник) ќе работи вообичаено, од 10 до 18 часот.

Нема да работи во вторник (18.04.2023 год).

РЕЖИМ НА СООБРАЌАЊЕ НА ЛИНИИТЕ ДО СРЕДНО ВОДНО

Линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) ќе сообраќаат по неделен возен ред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…