Автомобил влета во толпа во Германија, при што загинаа најмалку две лица
Најмалку две лица загинаа денеска, а 25 се повредени, од кои 15 потешко, кога автомобил влетал во толпа луѓе во центарот на градот Манхајм во југозападна Германија, јавија германските медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори, додавајќи дека напаѓачот е уапсен.
Како што се наведува, се уште не е јасно дали се работи за несреќа или напад.
Речиси сите улици во центарот на Мајнхајм се затворени, а сите патишта и мостови кои водат надвор од градот се контролирани од полицајци со автоматско оружје, додека хеликоптер кружи над градот.
Во соопштението се наведува дека полицијата проверува дали во инцидентот биле вмешани и други осомничени.
Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер е на пат за Манхајм, јавуваат германските медиуми.
Според „Манхајмер Морген“, автомобилот со голема брзина поминал низ центарот на градот пред да налета на толпа луѓе и едно лице го загубило животот.
Порталот „Манхајм 24“ наведува дека се работи за црн теренец.
Локалните медиуми пренесуваат изјави на очевидци кои велат дека „се изгледа страшно, дека никој не знае што се случува и дека никој не знае што да прави“.
Во центарот на градот се присутни голем број полицајци.
Според информациите на репортерот од местото на настанот, мостовите кон Лудвигсхафен биле блокирани од тешко вооружени полицајци, наведува „Манхајмер Морген“.
Министерството за внатрешни работи на Баден-Виртемберг ги предупреди жителите на областа каде што се случи нападот дека е во тек „ситуација опасна по живот“ и ги советуваше сите што повеќе да го избегнуваат центарот на градот.
Во Манхајм до утре трае уличен карневал, а на градскиот плоштад има десетици тезги.
Во февруари, Авганистанец влета со својот автомобил во група демонстранти во Минхен, убивајќи две лица.
Шест лица загинаа, а најмалку 200 беа повредени во германскиот град Магдебург во декември кога маж роден во Саудиска Арабија влета со својот автомобил во група луѓе на божиќен пазар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…
30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…
Во пакет на DHL пронајден бел прав…
Најмалку 12 лица се повредени откако во…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
Судот одлучи дека Германија не смее да…
И покрај пресудата во корист на мигрантите…