Објавено на:

Автомобил излета кај Порта Македонија: Удрил во столбчиња, канделабра и тенда, па се запалило

t

Денеска (25.05.2025) вo 00.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„11-ти Октомври“ со ул.„Димитрије Чуповски“, кај порта Македонија, патничко возило „ауди а4“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Л.Л.(39) од Македонски Брод, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски столбчиња, канделабра и една тенда од продажен објект, информира МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

По несреќата, возилото се запалило, при што од страна на полициски службеници било интервенирано и огнот било изгаснат.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…

МВР информира дека синоќа околу 21 часот…

Три сообраќајки во една вечер во Тиквешијата,…

Три сообраќајки се случија вчера во Тиквешијата,…

Возач тешко повреден во сообраќајка во скопско

На 13.06.2025 година околу 10.00 часот во…

Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…

Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…

Старец прегази пензионерка во Скопје

Од МВР известија дека вчера околу 19.15…