Автомобил покоси паркирани возила и контејнери кај кулите „Џевахир“
Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа кај кулите „Џевахир“ во скопската населба Аеродром. Според првичните информации и сведоштва на очевидци, возило со голема брзина удрило во неколку контејнери и две паркирани возила.
Очевидци за 24 Инфо изјавија дека возачот, кој наводно бил во алкохолизирана состојба, изгубил контрола врз возилото и предизвикал значителна материјална штета. Според нив, се работи за турски државјанин, а ова е втора сообраќајна несреќа во истиот реон за само една недела.
Граѓаните реагираат дека три од вкупно четири ленти на булеварот се блокирани од непрописно паркирани возила, што значително го отежнува сообраќајот и ја зголемува опасноста во овој дел на Аеродром.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автомобил покоси паркирани возила и контејнери кај…
Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа кај…
Тешка сообраќајка во Србија: Еден загинат и…
Едно лице загина, а осум се повредени…
Скопје се гушеше во ѓубре со месеци…
Соопштение на СДСМ Со месеци Скопје се…
Скопје се гушеше во ѓубре со месеци…
Скопје се гушеше во ѓубре со месеци…
Вреди: По месеци ѓубре, Скопје и Чаир…
По месеци давење на градот во лоша…