Автомобил удрил 13-годишно дете на тротинет

t

13-годишно момче од Кичево завршило во болница со тешки повреди откако било удрено од автомобил на улица во градот, соопшти МВР.

„На 10.08.2025 во 21:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Љубица Богеска“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.З.(49) од Кичево и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од екипа на ОВР Кичево“, пишува во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил удрил 13-годишно дете на тротинет

13-годишно момче од Кичево завршило во болница…

Млад возач со „ауди“ прегазил 11-годишно девојче

Од полицијата информираат дека вчеравечер во 22:00…

Возач од Скопје прегазил дете на „Туристичка“…

69-годишен возач со автомобил вчеравечер прегазил малолетен…

Петмина повредени, меѓу кои и едно дете…

На регионалниот пат Струмица – Берово, во…

Девојка тешко повредена во сообраќајка кај Попова…

МВР информира дека синоќа во 22.45 часот…