Агелер во прошталното писмо до граѓаните:„Бидете здрави, бидете храбри, бидете силни и јас ќе навивам за вас“
На заминување, по три години дипломатска служба за американската влада, американската амбасадорка Н.Е. Анџела П. Агелер си заминува од Македонија. По серијата средби со луѓето што ја водат државата, Агелер со писмо им се обрати на граѓаните, осврнувајќи се на направеното заедно како десетти амбасадор на САД во Македонија.
„Во овие три години, нашето партнерство се разви во вистинско и длабоко пријателство со толку многу од вас што ги запознав низ целата земја. Ме примивте во вашите училишта, цркви, судници, вашите домови, вашите фарми и винарии. Понекогаш имавме тешки, искрени разговори за прашања што се длабоко важни за двете наши земји, и не секогаш се согласувавме, што е во ред. И ги споделивте вашите соништа, вашата визија за оваа земја што ја цените драга, вашите фрустрации, па дури и вашата тага поради загубата на оние што ги сакавте. Секогаш ќе ги ценам приказните, соништата, визијата, мудроста, фрустрациите и радоста! – што ги споделивте со мене. Постои нешто магично во врска со оваа земја – нејзината неверојатна убавина, нејзината историја, традиции, култури; нејзините контрадикции и извонредната отпорност и изненадувачкиот хумор на нејзините луѓе во услови на големи предизвици и длабока загуба. Вие ги споделивте сите тие работи со мене, и јас ја напуштам Северна Македонија со чувство на огромна благодарност за вашата многубројна добрина, за вашата обилна дарежливост и за силата што знам дека ја имате за да ја надминете секоја пречка што ви е поставена на патот пишува амбасадорката во писмото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Агелер во прошталното писмо до граѓаните:„Бидете здрави,…
На заминување, по три години дипломатска служба…
„Ако постојат вонземјани, само јас знам“: Илон…
Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, за…
Застаре дел од случајот „Талир 1“, за…
Случајот „Талир 1“, за незаконското финансирање на…
Наместо вода, погрешка баба му дала на…
Наместо вода, погрешка баба му дала на…
Спречен напад врз авионот на Фридрих Мерц
Германската полиција спречи напад на еколошки активисти…