Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во изборниот процес

t

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес.

Денес е Светски ден на слободата на медумите, а изборите ја истакнуваат клучната улога што медиумите треба и мора да ја играат во текот на процесот. Слободен и жив печат кој ги испитува фактите, соопштува идеи и предлози до јавноста и ги притиска официјалните лица да ја објаснат својата позиција за прашања кои се важни за животите на граѓаните и за одредување на текот на државата, потенцира амбасадорката Агелер во објава на платформата X.

Република Македонија е рангирана на 36-то место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година во извештајот на „Репортери без граници“, што е за две места скок во однос на 38-то место лани. Од земјите во регионот, Македонија е најдобро оценета, по што следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска (48), Косово (75), БиХ (81), Србија (98) и Албанија (99).

Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, стои во оценката за земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Агелер: Ќе следуваат повеќе санкционирани, но факт…

Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски…