Агелер: Многу луѓе од надвор сакаат да му наштетат на евроинтегративниот процес на земјава
Според амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер или се дава поддршка или се зазема став против она што е потребно за придвижување на Македонија кон ЕУ.
-Знам и дека има такви надвор од оваа земја, а и во земјава, кои би сакале да му наштетат на тој процес на придвижување напред, а постои и временска рамка со Европската унија, како и следната меѓувладина конференција, која е важна и доаѓа во ноември, така што и тоа е дел од разговорот. Не сум убедена во тоа, но има и такви кои велат дека не ги поддржуваат уставните измени, освен ако нема предвремени избори па потоа ќе ги поддржат. Мислам дека или поддржуваш да се направи она што е потребно за придвижување кон ЕУ или си против. И повторно се надевам дека оние, во која било партија, кои се грижат за иднината на оваа земја ќе ги донесат одлуките за да се продолжи напред и ќе ги преземат активностите што се неопходни за придвижување кон ЕУ. Сега дали тоа значи предвремени избори или не, дали ќе се случат следната пролет, не можам да предвидам, но ќе видиме што ќе се случи, а верувајте ми, гледаме многу внимателно, вели Агелер во интервју за МИА.
Таа истакна дека е факт дека граѓаните на оваа земја направиле тежок избор и донеле тешки одлуки за промената на името.
-И тоа беше нешто што ако ме прашавте пред да заминам во 2013 година, дали земјава би го направила тоа, немаше да верувам во тоа. Луѓето разбираат дека има тешки одлуки што треба да се донесат. Но, вие сте апсолутно во право, самото тоа што имате цел не значи дека ја постигнувате. За тоа е потребна акција, а во овој случај потребна е уште една уставна промена. Знам дека луѓето се уморни од тоа, но во исто време сакаат да бидат и во Европската унија, бидејќи ги препознаваат огромните придобивки од отворањето на тие врати кон Европската унија и кон евроатлантските интеграции, нагласува американската амбасадорка.
Таа додава дека е потребна уште една тешка одлука и изрази надеж дека лидерите на сите политички партии ќе ги остават настрана нивните разлики и едноставно ќе постапат во најдобар интерес за земјата и за нејзината иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…
ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…