Агелер: Не сум разговарала со Заев во последно време, но има право да заземе став за Анѓушев

t

Во гостување на радио „Канал 77“, американската амбасадорка Анџела Агелер кажа дека со поранешниот премиер Зоран Заев разговарала многу, но не во последно време и дека неговиот настап и заземање за својот пријател Кочо Анѓушев кој неодамна беше ставен на американската црна листа е негов став и дека тој има право да го прави тоа.

-Со поранешниот премиер сум разговарала многу, иако не во последно време. Тој настапи и се зазема за свој пријател и секако има право да го стори тоа – рече Агелер.

Таа посочи дека ставањето на одредени лица на црната листа на САД е прашање на законите на САД, а исто така и на тоа какви се односите на означените лица со САД, односно дали им е дозволено да одат таму, дали нивниот имот во САД е запленет или пак дали нивните американски банкарски системи и банкарски услуги ќе им бидат затворени.

Ова секако, додава таа, не претставува барање до македонските институции да преземат одредени дејствија иако, како што кажа, неодамна бил усвоен закон според кој ако САД, како и ЕУ и ОН, именуваат некого, органите на прогонот и обвинителството, како и Единицата за финансиско разузнавање ќе почнат проверка на нивниот имот.

-Ние немаме улога на орган на прогонот во земјава, но се надеваме дека информациите што сме ги собрале, најголемиот дел од нив се собрани овде, дека ќе има луѓе во органите на прогонот и правосудството што ќе работат на тие случаи, и ќе ги повикаат таквите лица на одговорност за нивните постапки. За нешта за кои сме покажале со докази дека претставуваат криминал, организиран криминал, активности во областа на финансискиот криминал и корупција – порача Агелер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…