Агелер: „црна листа“ ќе ги натера функционерите да постапуваат правилно, да си ја вршат работата со интегритет
Санкциите ќе поттикнат подобро однесување и ќе ги натера избраните функционери, наставниците и здравствените работници да постапуваат правилно, како и да си ја вршат работата со интегритет, смета амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер.
Таа денеска, одговорајќи на прашања на панел дискусијата „Ајде да зборуваме за предизвиците и иднината на Македонија“ што се одржа во Ценатрот за млади во заедницата (YCC) Гостивар, рече дека санкциите, без разлика дали се работи за политичари или за бизнисмени, можат да бидат многу ефективни и охрабрувачки.
Според Агелер, санкциите носат чувство на одговорност и последици.
-Сфативме дека санкциите, без разлика дали се работи за политичари или за бизнисмени, можат да бидат многу ефективни и охрабрувачки. Тие ги тераат луѓето да бидат многу попретпазливи отколку што биле, бидејќи санкциите на САД се сериозни и може да имаат долготрајни последици, подвлече амбасадорката во одговорот на прашањето за воведување санкции кон лица вмешани во коруптивни зделки.
Амбасадорката Агелер рече дека САД наметнале санкции зашто тоа е во нивен интерес, а и тоа, како што нагласи, се очекува од нив како суверена нација и одредени луѓе не смеат да влезат во САД.
-Заканата од и ставањето на „црна листа“ ќе ги натера избраните функционери, функционерите во министерствата во оваа земја, наставниците, здравствените работници да постапуваат правилно, да си ја вршат работата со интегритет, бидејќи ако не го прават тоа така, може да се соочат со последици.Ние се надеваме дека санкциите носат чувство на одговорност и последици. И се надевам дека тоа ќе се всади во свеста на заедниците во оваа земја. Исто така, граѓаните го бараат тоа од оние што работат за нив, бидејќи, освен кога станува збор за бизнисмените, ние зборуваме за административни службеници, луѓе како мене, кои се ангажирани да работат за својата земја и да го прават она што е во најдобар интерес на државата, а не за лични интереси, потенцира Агелер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По изјавата на Агелер за случајот со…
Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…
Агелер: Ќе следуваат повеќе санкционирани, но факт…
Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски…