Агелер ќе ги реши: Борбата против корупцијата останува приоритет, Шоле ќе покрене неколку прашања
Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, на прес-конференцијата со министерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод почетокот на претседавањето на Македонија со Јадранската повелба, рече дека борбата со корупцијата останува приоритет број еден за американската дипломатија во земјава оваа година и дека за време на престојот во Македонија во среда високиот советник дерек Шоле ќе покрене неколку прашања.
„Со Шоле ќе се дискутираат заедничките приоритети, а борба со корупцијата ќе остане примарна за Вашингтон. Тој ќе покрене неколку прашања при посетата оваа недела. Оваа 2023 ќе биде една многу букирана година“, рече Агелер како одговор на новинарско прашање.
Министерот Османи дополни дека еден од инструментите на САД, во договорена рамка со Скопје за борба против корупцијата, ќе биде и проширувањето на црната листа за санкционирање.
„Стратешки дијалог со САД е рамка за заедничка соработка и во него е и делот за борба со корупцијата. Тоа е договорена платформа и секоја нивна поддршка е добредојдена. На нив е да решат на каков начин ќе ја остварат таа поддршка. Досега беше финансиска или експертска поддршка,а еве сега има најава и преку листа со санкции. Тоа го сметаме како добродојдено и во интерес на Македонија“, рече Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„ТУКА ЌЕ СПИЕМЕ АМА КОЖУФ НЕ ГО…
Дозвола издадена од Општина Кавадарци кон крајот…
Aпасиев со жестока реакција по пресудата за…
Премиерот #Мицика тужел опозициски ПРАТЕНИК за клевета…
„ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ГОДИНИ НА…
Фактот што од година на година се…
Комесарката Кос во земјава, лидерска средба ЕУ…
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, денес и…
Протести и блокади низ Србија по апсењата…
По апсењата на студенти што учествуваа во…