Агентот на Нејмар ги демантира најавите за кам-бек во Бразил!
Низ медиумите во Бразил, поточно од новинарот Цезар Луис Мерло почна да се шири сензационална информација поврзана со Нејмар.
Шпекулацијата велеше дека агентите на Бразилецот работат на прекинување на договорот со Ал-Хилал со цел враќање во матичниот Сантос. Овој клуб тукушто се врати во бразилската елита, а кам-бек на 32-годишникот би бил нешто неверојатно. Сепак, еуфоријата меѓу навивачите на Сантос спласна бргу, поради тоа што агентот на Нејмар ги демантира овие информации.
„Не постојат преговори за Нејмар да го напушти Ал-Хилал. Тој е под договор и многу е среќен таму. Таткото на Нејмар и јас, ние сме единствените кои можеме да зборуваме за неговата иднина. Не знам од каде излегоа тие шпекулации“, изјави Пини Захави.
Нејмар своевремено блескаше во Сантос, а потоа се пресели во Барселона. И таму имаше ѕвездени партии пред да направи рекорден трансфер од 222 милиони евра во ПСЖ. Од минатото лето тој е дел од Ал-Хилал, меѓутоа има сериозен проблем со повредите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метео: Облачно и студено време со засилен…
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Хезболах не знаел дека купува пејџери од…
Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…
74-годишна жена од Охрид заврши во болница…
Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…
Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…
Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…
ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…
Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…