Агенцијата за конфискуван имот фатена во обид за криминал: Директорот Небиу во паника

t

Агенцијата за управување со одземен имот функционира како сива зона. Последниот годишен извештај за нејзиното работење кој што е објавен на интернет страницата се однесува на 2017 година.

Нема податок со што таа располага во моментов, колкава е вредноста и во каква состојба е одземениот имот во нејзина сопственост.

Јавна тајна е дека одлуките за тоа што ќе се продава и кога ќе се продава се носат прилично нетранспарентно, а единственото мерило е личниот интерес кои го имаат поединци во агенцијата.

Според одредени информации со кои располагаме голем дел од конфискуваниот имот на кумановскиот бос, Бајруш Сејдиу се уште не е понуден на продажба, а слична судбина имаат и други имоти како тој на овчарот Иснифарис Џемаили и слични случаи.

Нашите извори велат дека е можно за овие имоти да постои одреден договор, според кој првите луѓе на агенцијата земаат одреден надомест за да не ги отуѓат.

Тие ни појаснуваат дека има скандалозни случаи во кои одземени станови им се издаваат на одредени лица наместо да се продадат, а се отстапуваат и цели погони. Вработени во агенцијата велат дека кириите не може законски да се наплатат, па пари се земаат на рака, а постојано стигнуваат сметки за струја за објекти кои би требало да бидат празни. Секако овие сметки се на товар на агенцијата, па според нив може и да се користат како докази, доколку органите на прогонот одлучат да ја истражат законитоста во работењето.

Вториот начин на кој што криминално се работи во агенцијата е преку организирањето на сомнителни аукции. Изворите ни посочуваат дека постои една интересна група околу агенцијата која мешетари во сите овие процеси, а одредени лица се преферирани од секој нов директор или индиректно од некој од повисоко позиционираните вработени лица. Преку нив се оди на свесно намалување на вредноста на имотот, а профитот се дели на неколку страни.

Вообичаено директорот прв ја отпочнува процедурата со одбирање на некој атрактивен имот и повик до заинтересираните купувачи. Нашите извори велат дека на секој повик учествува истата група луѓе кои ги демотивираат останатите заинтересирани и во координација со соработници од агенцијата прават се што е во нивна моќ, повикот да не успее во првиот обид.

Откако ќе пропадне првиот обид за продажба на конфискуваниот имот, во вториот агенцијата оди со 30% помала цена што значи огромен профит доколку станува збор за повреден имот. Соговорниците велат дека еден стан кој реално вреди над 150 000 евра, агенцијата на ваков начин го продавала и под 100 000 евра.

Заради вааквиот начин на работење, многумина од агенцијата имаат завршено со кривични пријави, а поранешниот директор е заменет уште во маарт месец. Од тогаш на функција стапува Дритон Небиу, кадар на Алијанса за Албанците за кого нашите извори се зачудени зошто не поднел никаква пријава за работењето на претходникот од СДСМ и се прашуваат дали и тој продолжил да работи по истиот систем.

Небиу со клевети за наводни закани сака да го обезвредни имотот на Мијалков за некој да го купи по багателна цена?

Пред една недела директорот Небиу помпезно најави дека ќе се продавале три станови кои државата ги конфискуваше во рамки на предметот Империја и без да се посочи кој бил сопственик, истите му беа припишани на Мијалков. Оттогаш се објавени уште неколку огласи, но Небиу за нив не правеше помпезна најава, а истото не го правеше ниту за огласите претходно.

Согласно проценката на Бирото за судски вештачења овој имот вреди повеќе од 330 000 евра, а според тајмингот на Агенцијата, јавната аукција би требала да се случи кон крајот на месецов и да трае 15 минути. Станува збор за три стана и заеднички простории од 250 квадрати на луксузна локација. Доколку првиот обид за наддавање не би успеал, тогаш јасно е дека цената во повторното наддавање би била пониска за преку 100 000 евра, што ќе значи помалку пари во државната каса, но затоа прилично голема сума како екстра заработка која би можеле да ја поделат учесниците во шемата.

Тоа што пред некој ден се случувало при вршењето увид на имотот кој се продава е сосема спротивно од тоа што го претставува Небиу.

Лице заинтересирано да учествува на аукцијата, ни раскажа дека било зачудено кога ги видело вработените на Небиу како се гушкаат и поздравуваат со наводно заинтересираните за кои било очигледно дека добро се познаваат од претходно. Токму тие ја започнале дискусијата околу интересот за становите, обидувајќи се да напипаат дали постои можност да успее аукцијата во прв круг, односно да пропадне планот за земање на становите по багателна цена. Некој од нив се понудил и дискретно да направи договор за пропаѓање на аукцијата, но кога сватиле дека потенцијалниот купувач е сериозен се повлекле и преку нивните пријатели од агенцијата веројатно го известиле Небиу.

Според нашите извори, тој веројатно во паника да не му бидат разоткриени плановите одлучува набрзина да свика прес-конференција, на која ќе говори за некакви притисоци без да понуди ниту еден доказ. Лицето кое ни ги даде информациите вели дека доказ нема, затоа што и не се случило тоа за кое раскажуваше Небиу, односно немало никакви закани.

Јасно е дека никој не ја спречува аукцијата, но останува државните институции да се позанимаваат со работењето во Агенцијата за управување со одземен имот, а ние ќе продолжиме во интерес на јавноста да ги откриваме сите пропусти и незаконитости за кои ќе добиеме информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора започна со замрзнување на имотот…

Црна Гора: Започна замрзнувањето на имотот на…

Во првиот квартал 5.919 продажби на недвижности…

Во базата на Регистарот на цени и…

Богатите странци се подготвуваат за вojна: Го…

Странските сопственици на имот во Киев активно…