Агресивен зет со тврд и остар предмет го нападнал целото семејство на сопругата

t

Синоќа во Штип, полициски службеници го привеле 37-годишниот С.К. од селото Таринци, општина Карбинци, поради сомнение за напад врз сопственото семејство.

Според пријавата, С.К. во дворот на родителите на својата сопруга физички ја нападнал неа, како и нејзиниот брат, мајка и татко, користејќи остар и тврд предмет. Повредените биле веднаш пренесени во Клиничката болница во Штип, каде што на мајката и братот им биле констатирани тешки телесни повреди.

Напаѓачот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „Тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Агресивен зет со тврд и остар предмет…

Синоќа во Штип, полициски службеници го привеле…

Штипјанка нашла бомба во станот на починатиот…

Жителка на Штип пријавила дека додека го…

Се запали куќа од шпорет – старица…

Штипската полиција информира дека вчера од плински…

Турци фатени со дрога во Штип

На 03.07.2025 околу 22 часот во Штип,…

Разбојник нападнал и ограбил девојче во Штип

Во случај забележан во ист ден и…