Адвокатот кој го возел Палевски до Белград повикан на распит во станица
Адвокатот Васко Стојков попладнево е викнат во полициска станица на распит, дознава МКД.мк. Стојков пред неколку дена изјави дека тој со неговото возило го однел Љупчо Палевски – Палчо во Белград на преглед и истиот ден се вратил во Македонија. Стојков вели дека тогаш воопшто не знаел дека Палевски е осомничен за двојно убиство.
„Не знаев дека е одговорен за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Ме замоли да го однесам во Белград бидејќи нема возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото. Јас не знаев ништо за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград на преглед. Се вратив во Скопје. Палевски ми рече дека ако не е во ред ќе оди на преглед во Истанбул. Кога се вратив полицијата правеше претреси, ме прашаа и тогаш им кажав“, изјави на 4 декември Стојков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палевски на распит во обвинителството
Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…