Адвокатот на таткото на Вања: Убиството е сторено за да се внесе страв и немир во населението, особено во основните училишта

t

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ денеска порача дека Обвинителството не успеало да ја докаже вината за неговиот клиент и вели дека е изненаден од нивните завршни зборови во судскиот случај за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски. Вели дека очекувал силна енергија и аргументи. Напротив, констатира, добивме сувопарна компилација на прочитани докази, неповрзани едни со други.

-Во однос на таткото, Јавното обвинителство не докажа дека го сторил кривичното дело кое му се става на товар. Слушнавме и сами и сведоци сте дека единствениот темел на обвинението за таткото е што во даден момент, според нечија перцепција, се однесувал чудно. Не е понуден ниту еден доказ за било каква негова инволвираност. Се остварија моите предвидувања дека Обвинителството нема да го повлече обвинението и верувам во праведна одлука на Судот, рече Туфегџиќ по денешното рочиште.

Одбраната на Ѓорчевски тврди дека нема ниту една комуникација што би го поврзала со обвинетите за кои, како што вели, во текот на постапката се изведени доволно докази.

-Секој можен набљудувач може да изведе логичен заклучок дека во овој случај, основот на обвинението користољубие е одамна паднат и овде се работи за сосема нешто друго. Според мене лично, сторено е дело за да се внесе страв и немир во населението, особено во основните училиште. Кои биле мотивите е нерасчистено до крај поради површна истрага и многу пропусти во истражната постапка. Во 21 век да применете тортура е нон сенс, рече Туфегџиќ пред новинарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува судењето за убиството на Вања и…

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…

Туфегџиќ: Таткото нема поврзаност со убиството на…

Александар Ѓорчевски нема никаква поврзаност со убиството…

Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…

„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…