Адеми за ставањето на Груби на „црната листа“: Го почитувам ставот и на партијата и на САД

t

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми денеска бил запрашан дали неговиот сопартиец Артан Груби ќе биде исклучен од партијата по одлуката на Стејт департментот. Адеми во емисијата „Дејли клик“ порача дека го дели ставот на партијата и ја почитува одлуката на Стејт департментот.

-Во однос на ставот на ДУИ по ова прашање, ДУИ ја почитува одлуката. Остануваме посветени на нашето стратешко партнерство што го имаме како народ воопшто, но и како политичка партија која е создадена благодарение на повеќедецениското жртвување на албанската нација, за натамошно унапредување на ова стратешко партнерство. Одлуката беше објавена доцна синоќа, додека од шаторот продолжуваат нашите активности за нашата кауза“, рекол меѓу другото потпретседателот на ДУИ.

Од редовите на ДУИ веќе имаш еден функционер на црната листа, а тоа е градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко. Лани од партијата од Мала Речица беше објавено дека тој нема да поднесе оставка од градоначалничката функција. Политичка одговорност понесе само во рамките на неговата партија, но нема да биде исклучен, туку го замрзнува членството во партијата на Али Ахмети.

Струшкиот градоначалник кој речиси година и половина е на американската црна листа,  се гони за злоупотреба на службата, затоа што набавил четири службени возила, меѓу кои и луксузното „Ауди“, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…

Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…

Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот…

Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека…

(Видео) Груби: Ќе има Албанец премиер во…

Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за…