Адмиралот Бауер: Со Финска и Шведска во НАТО 96 отсто од луѓето во ЕУ се под заштита на Алијансата

t

Со пристапувањето на Финска и Шведска, 96 отсто од луѓето во Европската Унија се заштитени од НАТО, вели во интервју за МИА претседавачот на Воениот комитет на Алијансата, адмиралот Роб Бауер.

На прашањето колку за стабилноста на регионот освен членството во НАТО е важно и членството во ЕУ, имајќи ги предвид актуелните геополитички случувања, Бауер напоменува дека нема предуслов да се биде член на двете организации и дека фокусот на НАТО е на физичката безбедност на земјите, но сè повеќе земји на ЕУ се исто така членки и на Алијансата, а некои од државите кои се само членки на НАТО се стремат да станат и членки на Унијата.

-Нашиот фокус е на физичката безбедност на земјите. За тоа е Алијансата, одбрана на Алијансата. Има одреден број земји во Алијансата кои се членки и на НАТО и на ЕУ, а има и одреден број на земји кои се само членки на НАТО. И затоа не е предуслов да се биде член и на двете организации. Со приемот на Финска и Шведска на пример, гледаме дека сè повеќе земји на ЕУ се исто така членки и на Алијансата, а некои од државите кои се само членки на НАТО се стремат да станат и членки на ЕУ. И тоа е пред сè политичка дискусија меѓу земјите во ЕУ, за да им се дозволи на другите земји да се приклучат. Значи, тоа е политичка дискусија во која не би сакал да се вклучам. Но, добро е да се разбере на пример еден интересен факт, дека со пристапувањето на Финска и Шведска, 96 отсто од луѓето во ЕУ се заштитени од НАТО, истакнува Бауер во интервјуто.

Првиот човек на Воениот комитет на НАТО, кој на почетокот на оваа недела беше во посета на земјава во интервјуто за МИА говори за пораките кои ги испратил на средбите со високите државни и воени претставници, за процесот на хармонизација со НАТО стандарите, кој како што посочи не завршува со приемот, туку е постојан и динамичен.

-Вооружените сили треба постојано да се прилагодуваат врз основа на развојот на заканата, тоа е она што мора да го направите и ова секогаш бара време бидејќи постојат различни начини на функционирање, можеби има потреба од различна опрема и способности. На пример, огромниот број на дронови што се користат во војна, како што е тоа случајот со Украина, претставува голема промена, нагласува Бауер.

Во однос на оценката за вооружените сили на земјава, Бауер вели дека Македонија направила големи чекори и оти има голем напредок во изминатите три години.

– Македонија веќе беше партнер 25 години па така чекорот од долгорочен партнер што функционираше заедно со нас, во Авганистан на пример, многу помогна во подготовката на вашата земја за НАТО. Секако, кога веќе ќе станете членка, станува уште поважно да се биде интероперабилни и да се работи согласно договорите што ги имаме меѓу нас. Мислам дека Македонија многу напредуваше во последните три години. Го гледаме тоа бидејќи Македонија учествува во три борбени групи во Летонија, Романија и Бугарија, Македонија го зголемува своето учество во мисијата на Косово – КФОР, Македонија е присутна во Ирак, односно има многу мисии и операции каде Македонија се јавува како членка на НАТО и е целосно усогласена со остатокот од Алијансата, вели Бауер.

Првиот човек на Воениот комитет на НАТО говори и за трошоците за одбраната, согласно одлуката од последниот Самит во Вилнус секоја членка да издвојува минимум два отсто од буџетот за таа намена, за модернизацијата на армиите, за кибер безбедноста, пропагандата и дезинформациите, за состојбата во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…

Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…

Американските бомбардери Б-52 пристигнаа во Романија на…

Американските стратешки бомбардери Б-52, кои во неделата…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

И директори на МТВ во македонската делегација…

На политичката сцена во Македонија се уште…