АД ЕСМ го реализираше планот за производство на електрилна енергија 100,17%

t

Производството на АД ЕСМ е зголемено за 20 проценти во однос на претходната година и заклучно со 15 ноември е реализиран 100,17 проценти од планот. Оваа недела 75 проценти од пазарот го покриваме со сопствено производство и 25 отсто од набавка, а од следната недела ќе ги ставиме во функција и РЕК „Осломеј“ и ТЕЦ „Неготино“, порача денеска генералниот директор на компанијата Васко Ковачевски.

– Тоа значи дека во целост е испорачана електрична енергија за малите потрошувачи, за домаќинствата и сите договорни органи кои ги има преземено АД ЕСМ. За октомври беа предвидени да се набават 46.000 мегават часови електрична енергија, а воопшто немаше набавка. За тоа предвидените буџетски средства од 10,5 милиони евра не се потрошија, информира Ковачевски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

За ноември, како што истакна, беше предвидена набавка од 72.000 мегават часови електрична енергија за што беа предвидени околу 40 милиони евра, но досега се набавени 82.150 мегават часови и вкупно се потрошени 19,6 милиони евра.

– За декември е предвидена набавка од 48.000 мегават часови, за што се предвидени околу 25 милиони евра. На 1 декември ќе знаеме колку ќе се зголеми потребата за електрична енергија за дополнителните 518 субјекти кои треба да ги снабдуваме и точно ќе знаеме колку и дали ќе има потреба да се набави електрична енергија, прецизира Ковачевски.

Набавките, како што рече Ковачевски, нема да влијаат врз цената на електричната енергија која ќе биде од 1 јануари идната година.

Тој нагласи дека од 4 декември треба да бидат ставени на мрежа РЕК „Осломеј“ и ТЕЦ „Неготино“, првично со еден котел, а потоа со два.

– Со цената на мазутот која беше пред неколку денови, производната цена на ТЕЦ „Неготино“ беше 236 евра за мегават час електрична енергија. Сега со новата цена ќе биде околу 200 евра со фиксните и варијабилните трошоци, прецизира Ковачевски.

Набавките на електрична енергија од 239 евра по мегават час кои се спроведоа во овие три недели, посочи директорот на ЕСМ, се со слична цена како да работи ТЕЦ „Неготино“. Во моментов, порача тој, имаме доволна залиха од мазут во резервоарите во ТЕЦ „Неготино“, има нов договор за набавка на мазут и солидна депонија на јаглен во РЕК „Битола“ од околу 300 илјади тони, како и солидна депонија за почеток и старт на РЕК „Осломеј“. Дополнително, додаде Ковачевски, денеска се склучува нов договор за набавка на јаглен за РЕК „Осломеј“ со компанија, која ќе го носи енергенсот од Грција, а за седната недела се очекува квалитетна понуда за набавка на јаглен за РЕК „Битола“, исто така со потекло од Грција

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Лично сум фокусиран на избор на…

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека многу…

ЕСМ: Поради пукната цевка, блокот со кој…

Во текот на изминатиот период, како резултат…

Бислимоски: Државата можеше, ама не изгради големи…

Во 30 години независност Македонија како држава…

Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…

Денови повторно е актуелна темата за законската…

Британците предупредија на уште една тешка зима

Сметките за енергија се очекува нагло да…