АД ЕСМ: Производството на електрична енергија тече без проблеми, парното греење ќе се нормализира

t

Производството на електрична енергија од АД ЕСМ тече според предвидениот план за производство и согласно номинациите на ЕВН и другите потреби. Работат два блока во РЕК Битола, гасната електрана Енергетика во Скопје, еден котел во ТЕЦ Неготин, хидроелектраните според потребите и се презема и електричната енергија од ТЕ-ТО, согласно важечкиот договор, велат од АД ЕСМ.

„Нема никаков застој во производството и електраните се подготвени во секој момент да испорачаат потребни количини енергија во системот.

Што се однесува до системот за парно греење во Скопје, прекинот е настанат поради прекинот на електрична енергија која е неопходна за работа на пумпите во топланите и на пумпите во зградите. Пумпите автоматски се вклучуваат при обновен доток на електрична енергија и е потребно извесно време за нивно подигање, со што се очекува во текот на вечерта греењето да се врати во нормала. Во зградите коишто се постари и со постар тип на топлотни пумпи, вклучувањето ќе се изврши рачно од страна на стручни лица“, велат од ЕСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неофицијално: Ова се дел од имињата опфатени…

Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и…

ЕСМ понуди над три отсто повисока цена…

ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична…

Штипската болница повторно доби струја, екипи на…

Синоќа околу 1 часот по полноќ нормализирана…

ЕСМ: Се набавува струја поради нискиот хидропотенцијал

„Со цел обезбедување на вкупните потреби од…

ЕСМ назначи нови директори во своите подружници

Управниот одбор на АД ЕСМ именуваше нови…