АЕК одбива да го игра финалето – се буни поради навивачите!

t

Голем скандал се случува пред стартот на вториот финален натпревар од Европскиот куп, откако грчкиот тим АЕК одбива да се појави на паркетот во салата „Борис Трајковски“ каде што треба да ги одмери силите со нашиот Алкалоид, кој пред една недела славеше среде Атина со 29-25.

Причина за ова е притисокот што наводно го имале од нивните навивачи, да не го играат натпреварот во знак на протест на малиот број билети што тие го добиле за средбата во Скопје.

Најавите се дека АЕК ќе ја има поддршката од 200 свои фанови, но тие се уште не се на своето место на трибините, па останува да се види дали оваа закана ќе се оствари, што би бил најголем преседан во историјата на европскиот ракомет.

Извор: Спорт 1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…

Прекината истрагата за Панчо од ДНК

Обвинение за 34 физички и три правни…

„На здравје за молкот“

Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…