Азизи: Ахмети не знае да пишува писма

t

„Лидерот на ДУИ Али Ахмети не знае да пишува писма! Артан Ггруби му ги напишал писмата, пратени до меѓународните претставници и до албанските премиери.“ – реагира Аднан Азизи, организацискиот секретар на Беса, членка на коалицијата Вреди, која е дел од Владата на Македонија, како и пратеник во Собранието на Македонија. Неговата подбивна реакција ја пренесе информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“.

Порталот пренесува: Азизи ги коментираше последните писма што претседателот на ДУИ Али Ахмети ги испратил до македонскиот премиер Христијан Мицкоски и албнскиот премиер Еди Рама, како и до меѓународните претставници. Азизи смета дека зад овие писма се крие Артан Груби.

„Али Ахмети не знае да напише писмо, писмата му ги напишал Артан Груби. Да беше Ахмети малку искрен, ќе напишеше писмо во моментот кога се случи Охридскиот договор и кога загинаа 600 војници, пет пати повеќе отколку во војната, кога се случи Бродец, кога беше напишана Енциклопедијата… Али Ахмети никогаш не напишал писмо до дипломатскиот кор, ниту до албанските премиери, ниту до претседателите на соодветните држави, за да се сензибилизира за малтретирањето на Албанците. Во овој момент Ахмети напиша писма, бидејќи се наоѓа во опасност, тој, членовите на неговото семејство и олигарските околу него, поради милионското богатство, што го натрупаа, како и поради одговорноста, што ќе мора да ја понесат, откако ќе се соочат со органите на правдата.“ – реагираше Аднан Азизи кон Али Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца осудени за 27 април побарале помилување

Дел од обвинетите за организирањето на упадот…

Касами со албанско знаме го пречека таткото…

Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…

Спасовски за говорот на претседателката Сиљановска-Давкова: „Не…

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за…

Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер…

Морам да напоменам дека обраќањето не беше…

Мицкоски најави проширување на истрагата за „Државна…

Истрагата за државната „Лотарија“ се проширува. Злоупотребите…