Академици ги пцујат и навредуваат вработените што штрајкуваат за поголеми плати во МАНУ, Дејановски најави дека ќе ги објавува со име и презиме
Вкупно 36 вработени во техничката служба во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го активираа штрајкот ставен во мирување во март 2023 година кога беше договорено до крајот на годината платите да им бидат покачени.
Бидејќи и девет месеци по истекот на рокот платите не им се покачен, вработените ќе штрајкуваат на работните места и нема да извршуваат никакви работни задачи, со исклучок на архивата, која ќе прима пошта, сè до исполнување на единственото барање за покачување на платите. Лабораторијата во МАНУ нема да биде загрозена од штрајкот оти половина од вработените не се челнови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ) и не штрајкуваат.
Трпе Дејановски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, ги обвини академиците и раководителите во МАНУ за притисок врз вработените да го спречат штрајкот.
„Академиците, наместо да седнат и да преговараат со Синдикатот, тие од периодот кога се активира штрајкот најмија адвокатска канцеларија преку која се одвива комуникацијата со вработените и која има една единствена задача, а тоа е да ги заплаши вработените и да најде начин како да го забрани штрајкот. Исто така, некои од академиците, раководителите на организациските единици при МАНУ, кога беше најавено активирањето на штрајкот, веднаш почнаа со закани кон вработените дека ќе бидат избркани од работа, а одредени раководители со пцости и навреди почнаа да им се обраќаат на вработените, што не им прилега на титулата академик. Да им порачам дека секој што ќе врши притисок и ќе се заканува, ќе биде објавен со име и презиме, без разлика за кого станува збор и каква функција извршува во МАНУ“, рече претседателот на УПОЗ, Дејановски.
Тој јавно го потсети раководството на МАНУ дека со спогодбата, со која во март 2023 година штрајкот беше ставен во мирување, тие презеле обврска до 31 декември 2023 година да ги зголемат платите на вработените. Но, наместо поголеми плати за техничката служба, тие ангажираат адвокатски канцеларии и бараат надворешни ресурси од фирми што ќе ги заменат вработените.
„Се ангажираат адвокатски канцеларии, кои за неполн час давање совети наплаќаат половина од средствата за плата на повеќето од овие вработени. Наместо да настојуваат за добивање средства за достоинствени плати како во другите високообрзовни институции во државата, не се бараат овие средства, а се обезбедуваат пари во потребен износ за други исплати кон други вработени во МАНУ и за академиците. Да биде притисокот уште поголем за секого од нас, веќе се донесени одлуки за ангажирање надворешни ресурси од фирма, која би требало да ги замени вработените, а некои од нив веќе почнаа да извршуваат работни задачи“, рече синдикалецот Дејановски.
Претседателот на Синдикатот на МАНУ, Блажо Вујовиќ, кажа дека најниската плата во МАНУ е 21.700 денари, а другите се 50 отсто помали во споредба со платите во другите научни институции. Токму поради ниските плати, во последните 15 години Вујовиќ вели дека нема пријави на огласите за вработување.
Во решавањето на проблемот со платите, од МАНУ побараа да се вклучи и Собранието како основач на институцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Академици ги пцујат и навредуваат вработените што…
Вкупно 36 вработени во техничката служба во…
Џафери: Европскиот фронт нема да ја поддржи…
Европскиот фронт нема да ја поддржи оваа…
8ми септември неработен за сите граѓани
Пред нас е уште еден продолжен викенд.…
Тешка несреќа на автопатот Скопје – Куманово…
На 02.09.2024 во 11.30 часот во СВР…
Дојава за бомби во 270 училишта во…
Околу 270 основни училишта низ Словачка утринава…