Акакдемски пленум на Србија: До кога полицијата ќе тепа студенти по наредба на Александар Вучиќ?

t

Академскиот пленум на Србија остро го осуди вчерашниот напад во Нови Сад врз студентот на Природно математичкиот факултет (ПМФ) Вукашин Ѓиновиќ, за кого велат дека бил наградуван физичар и математичар, а кој се здобил со повреди откако полицаец го удрил по главата со штит за време на потиснувањето на протестите пред Бановина.

Ова, како што велат од Академски пленум, не е инцидент, туку шема на системско насилство врз студентите.

Оттаму потсетуваат на сведочењето на студентката Николина Синѓелиќ за брутално малтретирање на висок полициски службеник, како и за случајот со студентот Лука Михајловиќ, кој како што велат, бил претепан од жандармеријата и врзан со лисици за болнички кревет.

„Наместо полицијата да ја води министер, во Србија полицискиот апарат е под директна политичка контрола на Александар Вучиќ, кој не е уставно надлежен за ова. Последица од таквата злоупотреба е полицијата да дејствува како инструмент на режимот, а не како служба на граѓаните“ велат од Академски пленум.

Од таму бараат поведување судски постапки против сторителите на нападите и нивните претпоставени, судска постапка против сè уште актуелниот претседател на државата, Александар Вучиќ за кршење на уставните овластувања и барање за предвремени парламентарни избори.

„Држава што ги тепа студентите ги поткопува сопствените темели. Академскиот пленум нема да молчи. Ја повикуваме јавноста да ги документира случаите на насилство на платформата stopbrutalnosti.com, за да можат да се гонат сите случаи на репресија кога институциите ќе бидат ослободени“ порачаа од Академски пленум на Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акакдемски пленум на Србија: До кога полицијата…

Академскиот пленум на Србија остро го осуди…

Полицаец претепа девојка во Нови Сад

Студентите во блокадата на социјалните мрежи објавија…

Дијана Хрка го прекина штрајкот со глад

Дијана Хрка, мајка на млад човек кој…

Сијарто: Унгарскиот МОЛ би можел да земе…

Унгарската нафтена и гасна компанија МОЛ би…

Српската влада ќе заседава секојдневно поради санкциите…

Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут на седница…