Акиов: Невидена тортура врз Ромите во Кочани – Активисти на ВМРО-ДПМНЕ се закануваат во присуство на полиција!
Невидена тортура цела недела ни прави полицијата и мене и на моите активисти што го поддржуваме Венко Крстевски, вели во изјава за Инфомакс советникот во Советот на Општина Кочани, Аки Акиов.
– Уште кога бев кандидат за советник притисокот не престана во ромското маало, полициска кола пред куќа, пред штаб, ставаа лисици на моите активисти.
Јас не знам како на сила може да не натераат да гласаме за некој, тоа си е мое демократско право, за кој сакам ќе гласам. Поткуп прават, купуваат гласови во ромското маало. Нивните активисти се закануваат дека ќе ги иселат од Кочани кога ќе победи нивниот градоначалник.
Луѓето си одат на гласање со кола со фамилија, денес буквално сите коли на мои активисти ги претресоа, не само мене.
Се закануваат дека ќе ги приведуваат луѓето, нивните активисти пред полиција се закануваат на моите активисти. Толку деца утепаа, 65 деца, никој не мрдна со прст, сега одиме да гласаме и ќе не тепаат, вели Акиов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Акиов: Невидена тортура врз Ромите во Кочани…
Невидена тортура цела недела ни прави полицијата…
(Фото+видео) Во Кочани како да има војна,…
Во Кочани врие од полиција и полициски…
„На глас се читаа матични броеви и…
Читатели на Инфомакс пријавија изборни нерегуларности на…
Левица обвинува за провокации и заплашувања пред…
Соопштение на политичката партија Левица: Оваа изборна…
Мециновиќ: Никој веќе нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ…
Никој веќе нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да…