Ако гледаме низ призма на скринингот и ако се има разбирање за пречката, би требало многу бргу да станеме членка на ЕУ, вели Сиљановска-Давкова

t

Ако гледаме низ призма на скрининг и реформски капацитети, би требало многу бргу да станеме членка на Европската Унија, секако ако се има разбирање за пречката поставена надвор од европските стандарди и критериуми. Ова го изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со нејзиниот црногорски колега Јаков Милатовиќ, а одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека е подготвен да чека децении за членство во ЕУ, оти актуелната влада нема да попушти пред барањата за уставни измени доколку не добие јасни гаранции за евроинтегративниот процес.

„Изјавата на премиерот беше во условна, во кондиционална форма ‘ако треба‘. Јас мислам дека ние, по Црна Гора, ако се споредуваме технички, дека сме длабоко навлезени во евроатлантскиот процес, низ реформска призма. Јас не би можела да зборувам за кластери и за поглавја како мојот колега бидејќи за првпат во историјата на ЕУ и во историјата на европската заедница се поставуваат вакви услови за да почнете преговори. Ако гледаме низ техничка призма, низ призма на скрининг на реформските капацитети, би можеле и би требало, ако има разбирање за пречката, која е надвор од европските стандарди и критериуми, многу бргу да станеме членка на ЕУ“, рече претседателката.

Според неа, со тоа што Црна Гора ќе стане членка на ЕУ, е доказ оти прашањето за членство на регионот не е само прашање поврзано за иднината, туку прашање што треба и може да стане реалност.

„Од една страна, проширувањето е прашање поврзано за стратешкито пристап кон безбедноста бидејќи е и безбедносно прашање, а од друга страна хаосот во кој се наоѓа светот оневозможува на некој начин да се посега по нешта за кои, кога би имало мир, би биле сосема редовни. Но мислам дека токму тоа, од една страна, бара поодлучен однос кон Западен Балкан, што значи и кон Црна Гора, а се разбира останува прашањето за внатрешните реформи на Европската Унија за кои мислам дека сега не е време, не дека не се потребни, но мислам дека условите сега не го дозволуваат тоа“, кажа Сиљановска-Давкова.

На 29 март премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за европскиот пат на Македонија, рече оти актуелната влада нема да попушти пред барањата за уставни измени доколку не добие јасни гаранции за евроинтегративниот процес.

Воедно, тој упати и остра критика за начинот на кој претходната влада ја водела надворешната политика прифаќајќи го условот за внесување на бугарското малцинство во Уставот на земјава.

„Ако треба, и ние ќе чекаме децении, но политики кои директно влијаат врз нашиот идентитет а не нудат предвидливост и јасен крај на тој процес, јас сум кажал дека немам намера додека сум Претседател на Влада по било која цена да влезам во таква авантура“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако гледаме низ призма на скринингот и…

Ако гледаме низ призма на скрининг и…

МПЦ-ОА се оградува од „Христијанско братство“: Убиството…

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА)…

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите,…

Во врска со објавените написи во дел…

Клучни лекции од историјата: Дали Иран е…

Војната што Соединетите Американски Држави и Израел…

Со „Б“ категорија да може да се…

Пратеничката група на движењето ЗНАМ, со поддршка…