„АКО ГО ЗЕМAТ ЧАСИВ ЈАР, ЌЕ ИМ СЕ ОТВОРИ ПАТОТ НИЗ ДОНБАС“: Драматична најава на украинската телевизија – Русите држат речиси половина град на ридот

t

Руските сили контролираат околу 40 отсто од градот Часив Јар во областа Доњецк, кој е опкружен со тешки борби.

Киев Индипендент пишува дека ова денеска на националната телевизија го изјавил Андриј Полухин, портпарол на украинската 24-та механизирана бригада.

Се вели дека по заземањето на Авдијевка во февруари оваа година, руските трупи го свртеле своето внимание кон Часив Јар, ридски град чие освојување потенцијално го отвора патот за понатамошен напредок во регионот на Доњецк.

Во јули, украинската армија се повлече од населбата Канал во источниот дел на Часив Јар.

– Доколку руските војници целосно го окупираат Часив Јар, тие би можеле да ја искористат котата на која се наоѓа како дополнителна предност за напади на соседните градови Костјантинивка и Дружкивка, како и блискиот поголем град Краматорск – рече Полухин.

Тој рече дека руското заземање на Часив Јар може да биде „многу опасна работа“ за украинските одбранбени позиции во регионот на Доњецк.

Киев Индипендент наведува дека борбите во Часово Јар биле крајно деструктивни за руските војници, кои скапо платиле со своите животи.

Назар Волошин, портпарол на украинските сили во областа, минатиот месец изјави дека 5.000 руски војници загинале борејќи се само за еден дел од градот.

– Во овој момент градот Часив Јар е уништен – рече Полухин.

Фото: Shutterstock, Printscreen/Telegram

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…

Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…

(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…

Во најавената епизода на „На кавга со…

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…