Ако ЕУ воведе стопроцентни царини за Русија, Македонија ќе се усогласи со таа политика
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во одговор на новинарско прашање за повикот на САД земјите од Европа да стават стопроценти царина на руските производи, рече дека ние како држава со усогласена политика со ЕУ ќе го следиме тој процес.
-Ние сме прва држава од регионот која има стопроцентна усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ, така што ќе го следиме тој процес и доколку се донесе таква одлука, ние како држава тоа ќе го примениме, изјави Мицкоски на прес-конференција со претставници на турската компанија „Казанџи Холдинг АС“.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела најави дека ќе ѝ воведе царини од 100 проценти на Русија доколку до почетокот на септември не склучи мировен договор со Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ако ЕУ воведе стопроцентни царини за Русија,…
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во одговор на…
Синот на Бајден: Апчиња за спиење се…
Хантер Бајден во ново интервју изјави дека…
Руте ги повика земјите на НАТО да…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги…
Mицкоски потврди: ВМРО-ДПМНЕ за прв пат нема…
Исклучително конструктивни разговори кои се движат во…
„Не сум виновен“, рече бодигардот на премиерот…
Ангел Самараков, полициски службеник од Шестата управа…